еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Не очекува топло и сушно лето

Во целиот југоисточен регион на Европа се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности.

На територијата на Македонија голема е веројатноста за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности, односно можат да достигнат и до 3°C, покажуваат прогностичките материјали на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Согласно податоците на УХМР, регионалните предвидувања за врнежите се дека на целиот југоисточен регион на Европа може да има врнежи под просечните со веројатност која расте од северозапад кон исток.

Податоците за Македонија покажуваат дека најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во август. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

Во претстојната летна сезона, од УХРМ велат дека постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

Многугодишниот просек во период од 1981 до 2010 година, за температурите на воздухот во летната сезона се движеле од 16°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9 милиметри измерени на метеоролошката станица во Штип и до 96,7 mm во Маврово.

За температурата на воздухот во истиот период, во Скопје за јуни, јули и август температурите се движеле 21.9°C, 24.2° и 23.9°C.

Просечната количина на врнежи во Скопје, пак, од 1981 до 2010 година за јуни, јули и август изнесува 44.0 мм, 37.6 мм и 34.4 мм.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реален доказ за Ѓорчевски нема, оставам на совеста на Обвинителство, вели адвокатот Туфегџиќ

Редакција

Васил Хаџиманов се прости од татко му Зафир: “Да се памети и да се почитува!“

Редакција

Комерцијална банка продава запленети уметнички слики, луксузни куќи и машини за да наплати кредити

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница