еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

„Не се игра на ваков терен“, изјави италијанскиот селектор Спалети, откако изиграа нерешено со Македонија

Македонија и Италија синоќа изиграа нерешено во Скопје, во мечот за пласман на Европското првенство.

Голот за Македонијка, против актуелниот европски првак, го даде Елиф Елмас, кој по завршувањето на мечот им се извини на Италијаните за условите во кои се играше натпреварот.

„Игравме на ужасен терен и сакам поради тоа да им се извинам на италијанските фудбалери. Не дека нам ни беше лесно да играме во вакви услови, но таква е реалноста. Пресреќен сум од освоениот бод, кој е исклучително значаен за нас.

Веднаш се виде дека Италија игра различно под палката на Спалети, кој воведе работи во играта на кои бевме навикнати во Наполи. Знаев дека неговиот систем многу тешко може да се примени на ваков терен“, изјави Елмас.

Италијанскиот селектор Лучано Спалети на прес-конференцијата по натпреварот се пожали на катастрофалниот терен.

„Не знаевме во каква состојба е теренот. Македонија тука имаше предност. Не можевме да ја развиеме нашата игра. Секогаш како тренер сакам мојот тим да игра убаво. Не успеавме да ја раздвоиме дефанзивната линија на противникот, Македонија играше со петмина во одбраната. Инаку сум задоволен како мојот тим изгледаше на теренот,“ изјави Спалети.

Фото: Фејсбук/Фудбалска репрезентација на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонците освојуваат градови“: Како „Њујорк тајмс“ во 1903 година известуваше за Илинденското востание

Редакција

МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР

Редакција

Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница