еМагазин
Image default
Бизнис

Недела ќе биде неработен ден, оние што ќе работат, ќе бидат платени и ќе имаат слободен ден

Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, соопшти вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

На гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, Битиќи посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела.

„Вчера имавме Економско-социјален совет и веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме. Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела е неработен ден и ден на неделен одмор.

Ова е формулацијата што е дефинирана меѓу синдикатите и Организацијата на работодавачи. Ќе има исклучоци – 34 дејности и дејностите кои се поврзани со основните дејности. Оние кои ќе работат во недела ќе треба да бидат платени според колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор“, рече Битиќи.

Она за што уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната.

Во однос на антикризните мерки, Битиќи истакна дека субвенционирање на плати за вработените нема да се укине, а во новиот петти пакет ќе им бидат отпишани каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија. Проценките се дека со оваа мерка ќе бидат опфатени најмалку 180 илјади граѓани.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза лани

Редакција

(Видео) Ѕирнете во новиот изложбен салон на „Алумил“

Редакција

Дали ќе има прогресивен данок или не – ќе се одлучи низ јавна дебата, вели Бесими

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница