еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Неделава ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, инспекциските контроли се засилени, а веќе се, како што рече, и изречени неколку казни.

– Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле.

Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни, истакна Бектеши, додавајќи дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биотек купи акции во Реплек

Редакција

Мијалков е слободен човек, излезе од затвор

Редакција

Каков имот пријавил Енвер Беџети, еден од судиите кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за масовното прислушување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница