еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Негативен природен прираст во второто тримесечје

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4.379.

Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4.760 и бележи намалување од 33.4% во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3% во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2.670 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски железници-инфраструктура вработува 18 лица, плата до 23.746 денари

Редакција

Објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проекти

Редакција

Филипче поднесе кандидатура: Не само со Заев, имам добри релации и со други функционери и членството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница