еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Негативно мислење и за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид

Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари, Цар Борис III Охрид, информираат од Министерството за правда.

-Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе решение по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата, се вели во соопштението.

Комисијата, се вели во соопштението, смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

–  Се наведе дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно беше потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рахј и нагласената антисемитска политика се најдиректно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Полицајци пукале со службена пушка, надвор од работно време, и се снимале

Редакција

Студија во која биле опфатени 600.000 лица покажува дека невакцинираните имаат 11 пати поголема веројатност да умрат од Ковид-19

Редакција

Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка: „Гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мој последен“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница