На денешната владина седница беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од Ковид-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, информираат од Владата.
Донесен е заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од Ковид-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од Ковид-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради Ковид-19 да изнесува 100% од основицата за надоместок на плата.