еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Нема да се запишуваат првачиња кои не се вакцинирани

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека нема да се отстапува од донесените мерки по прогласената епидимија од морбили и оти од оваа учебна година нема да се запишуваат првачиња за коишто нема да биде доставен картон за вакцинација.

-Вакцинацијата е задолжителна. Во прво одделение нема да можат да се запишат деца кои не се вакцинирани. Закон за основно образование член 46, став 2 е јасно, рече Бошњаковски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за одлуките од редовната седница на Владата.

Бошњаковски потсети дека поради состојбата со морбилите Владата прогласи епидемија на територија на целата држава. Тој информира дека теренската вакцинација на Министерството за здравство се спроведува според планираната динамика и оти во тие активности има координација со Министерстовто за образование.

-Мора да го подигнеме степенот на имунизација на сите граѓани во Република Северна Македонија со цел да ја спречиме епидемијата на морбили. Ова се мерки коишто се спроведуваат и нема отстапување од нив, наведе Бошњаковски.

Истовремено потенцираше дека основното образование е задолжително и оти децата треба и ќе одат на училиште.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата со три дози ДиТеПер вакцина од понеделник може да се вратат во градинките

Редакција

Поларен студ во Македонија: Во Битола измерени -22, а во Берово -20 степени

Редакција

Доктор Лазаров: Нема куќа без диазепам, 1.310.000 рецепти во 2020 година за 300.000 повеќе од 2015, за лани трендот е јасен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница