еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Нема договор со Владата за повисоки плати, ССМ ќе организира генерален штрајк

Нема договор со Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и утре ќе биде донесена одлука за генерален штрајк, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата.

Димовски кажа дека е разочаран од разговорите со владините претставници, кои, како што посочи, имале одговор за се, само не за главното – за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

– Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува, рече Димовски.

Најави дека утре ќе заседаваат највисоките тела на ССМ и се очекува да биде донесена одлука за стапување во генерален штрајк.

Синдикатот бараше средба со премиерот, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика откако по презентирањето на ребалансот на Буџетот видоа дека не се планирани средства за ова нивно барање како што им било ветено за време на преговорите.

ССМ, на чија иницијатива недела е прогласен за неработен ден, не се согласува ниту со најновите Предлог-законски измени со кои се предлага недела да биде работен ден во туристичките места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дијалогот со синдикатите е постојано во тек и ќе донесе решение, велат од Влада

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје „тежок“ 260.000 евра

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во ноември

Редакција

Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крајот на април 2023 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница