еМагазин
Image default
Македонија

Нема потврда за посетата на Макрон

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска изјави дека нема информации за тоа кога би се остварила посетата на претседателот на Франција, Емануел Макрон на Скопје и Тирана, која тој самиот ја најави како можност за наредните месеци.

– Во моментот немам информација на таа тема. Претседателот навести дека би сакал да дојде во наредните месеци во двете земји, но во моментот немам дополнителни информации. Би сакал само да додадам дека тоа беше пред најавата за избори, рече Тимоние на прашање на средба со новинарите во француската резиденција посветена на појаснување на француските позиции во однос на недавањето на датум на нашата земја и на Албанија на Самитот на ЕУ во Брисел во октомври.

Тој додаде дека во врска со евентуалната посета за тоа постојат преговори меѓу соодветните нивоа на двете земји и за тоа ќе треба да поразговараме со двата партнери во однос на датите.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тимоние го правда Макрон: Датумот не требаше да се третира како награда за Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска во најблизок контакт со Јанакиески, со Ставрески не комуницира

Редакција

Секој ден има по 300 новозаразени во државава, што значи дека вирусот се уште постои, вели Сали

Редакција

(ВИДЕО) На Мицкоски изјавата на Заев му предизвикала „чувство на гадење“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница