еМагазин
Бизнис

Нема повеќе сметкопотврди како прилог кон фискалните сметки до 6.000 денари

На 166. седница на Владата е утврден текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со одлука да биде доставен на усвојување во Собранието на државата.

Со предложениот закон се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања.

„Со оваа новина во законот се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6.000 денари, со што во голема мерка се заштедува на време, хартија и на административна постапка“, информираат од Влада.

Фото: УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна 7. регионална конференција за е-трговија во Македонија: Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

Редакција

Смени во Управниот одбор на ДС Смитх

Редакција

Почна продажбата на станови во „Гранд Ривер“ – првиот објект од комплексот „Гранд Скопје“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница