еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема повредени во пожарот во зградата на СЕП и МИА, изгореа канцелариите на Инспекторатот за животна средина

Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина.

Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција (МИА).

Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот е локализиран во 08:50 часот.

– Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем, изјави Симоновски.

Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе, изјави Симоновски.

Причина за пожарот, според првичните проценки на Симоновски, е електрична инсталација.

При интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала Екипа на брза помош. Пожарникарот е во стабилна состојба, информира Симоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Редакција

Пронајден човечки труп во Велес во поодмината фаза на распаѓање

Редакција

Судењето за убиството на Денис Тот продолжува на 3 октомври

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница