еМагазин
Image default
Македонија

Нема пријава дека е следено и прислушувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ, вели Чулев

Досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во одговор на новинарско прашање по изјавата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски дека тој е следен и прислушкуван.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушување или следење на политички претставници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајковски, кој беше фотографиран со Груевски тврди дека бил во Будимпешта на преглед за синусите и дишните патишта

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 359 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Објавен огласот за наследник на Љубомир Јовески, почна постапката за избор на нов државен јавен обвинител

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница