еМагазин
Image default
Бизнис

Нема промени на цената на дизелот и бензинот

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси информира дека малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,13 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и малопродажната цена на дизелот, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25 јануари.

Со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 61 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот изнесува 52 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 41 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 10 најтргувани акции на Македонската берза во јануари

Редакција

Светска банка годинава ни предвидува раст на економијата од 2,4 и инфлација од 9,1%

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на ЈП „Комуналец Битола“ за набавка на теренско возило вреден 19.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница