еМагазин
Локално

Неофицијално, и еден од полицајците починал како последица од сообраќајката на скопската обиколница

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која попладнево едно лице го загуби животот, а три се повредени, меѓу нив и двајца полициски службеници.

-Според првичните сознанија, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената.

Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот „бмв“ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на самото место животот го загубил совозачот во автомобилот „бмв“, стои во соопштението од Обвинителството.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство.

Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата, се наведува во соопштението.

Неофицијално, дел од медиумите јавуваат дека починал и еден од полицајците кој беше тешко повреден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сметководителка 44 пати оправдувала директор на јавно претпријатије во Охрид за неоправдани патни трошоци

Редакција

(Фото) Пустош на риба во Охридско езеро: Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци

Редакција

Директорка на студентски дом во Битола „работела“ и како секретар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница