еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Непознат хепатитис кој ги напаѓа децата регистриран во 11 земји, досега најмалку четири починале

Три деца во Индонезија починаа од непозната болест на црниот дроб, соопшти Министерството за здравство во Џакарта, па бројот на починати од оваа болест во светот сега се зголеми на најмалку четири.

Сериозен тип на акутен хепатитис во претходните недели е откриен кај 170 деца во 11 земји, што предизвика загриженост во Светската здравствена организација (СЗО) поради болест од „непознато потекло“, пишува британски „Гардијан“.

Симптомите што се појавија кај децата дури и пред да развијат воспаление на црниот дроб вклучуваат гадење, повраќање, дијареа и абдоминална болка.

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека три деца починале во болниците во главниот град Џакарта, откако имале некои од симптомите.

– Во моментов постапуваме со случаи како што е акутен хепатитис, но мора да потврдиме дека не станува збор за познати хепатитис А, Б, Ц, Д и Рб, изјави портпаролката на МЗ, Надија Тармизи. Таа посочи дека Министерството во моментов ги истражува причините за болеста.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Среќен Бадник и Божик: Преубав спот и песна за вечниот Бог

Редакција

Турција и официјално побара името во ОН да и се смени во Туркије

Редакција

Денес го празнуваме Рождеството на Синот Божји, но од секого од нас зависи дали Тој ќе се роди и во нас, вели во посланието г.г Стефан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница