еМагазин
Бизнис

Неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работниците за имунизација, велат од Конфедерацијата на синдикални организации

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) не се согласува со најновите мерки што денеска ги предложи Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на вработените во јавниот сектор.

– Како синдикат сметаме дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од Ковид-19.

Мнозинството од работници се веќе вакцинирани, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор.

Како КСОМ ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело, се вели во реакцијата.

Според КСОМ, задолжителната вакцинација е неуставна и доколку се спроведе, најавуваат синдикални протести и покренување на иницијатива пред Уставниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

Задолжителна вакцинација за здравствените работници, а за администрацијата вакцина, ПЦР тест или потврда за прележан ковид, предлага Комисијата за заразни болести

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на „Жито Караорман“

Редакција

Можни технолошки вишоци во Охридска банка по преземањето од Шпаркасе банка

Редакција

Во ноември лани издадени 406 одобренија за градење, најмногу станови ќе се градат во скопски Аеродром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница