еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Несаканата бременост на Петре Шилегов

Сакајќи сликовито да ја објасни фазата на изградба на гасoводот преку сртот на планината Водно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека власта состојбата со гасоводот ја начекала како несакана бременост во поодмината фаза, во која абортусот е критичен за животот на мајката и детето.

Ваквата несоодветна споредба во која проект за изградба на гасовод се споредува со раѓање на човечки живот само покажува до кој степен можат да бидат безосетни избраните функционери давајќи недоквакани изјави кои немаат никаква врска со реалноста.

Шилегов дополни дека иако лично не се согласува, како градоначалник мора да ги почитува преземените обврски и издадените одобренија, што не е точно бидејќи градот и Владата се тие што имаат моќ да ја променат трасата на гасоводот, макар за тоа плаќале и пенали.

Сега, се поставува прашањето дали Шилегов проектите од Скопје 2014 како што се галиите и фонтаните во Вардар ги гледа како израснати деца, па не се осмелува да ги тргне бидејќи тоа би било убиство?

Фото: Фејсбук/Шилегов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Редакција

Тито Петковски: Местото на францускиот предлог му е на референдум

Редакција

Четири лица биле на возраст од 30-49 години: 79 смртни случаи од Ковид-19 за една недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница