еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневен настан: И го одзел пиштолот откако го застрелала и отишол во болница

На 29.01.2020 во 14.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен С.М.(42) од с.Батинци, скопско, со повреда од прострелна рана, информира МВР.

По кажување на повредениот, тој додека бил заедно со Л.Г.(28) од Р.Албанија во близина на бензинска пумпа на бул.„Гоце Делчев“, настанала расправија со едно женско лице, кое со пиштол пукало кон него и го повредило, по што тој го одзел пиштолот и со патничко возило „фолксваген поло“, без регистарски ознаки, со Л.Г. се упатиле во болница.

Според негово кажување, на бул.„Гоце Делчев“ го фрлиле пиштолот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневна случка: Кај патарината Петровец, возило удрило во дива свиња

Редакција

(Фото) Струмица ќе добие нов парк на површина од 40.000 метри квадратни

Редакција

Скопјанец крадел од станови во Аеродром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница