еМагазин
Локално

Несекојдневна случка: Кај патарината Петровец, возило удрило во дива свиња

Возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички синоќа удрило во дива свиња која претрчала на автопатот Скопје – Велес,  после патарината Петровец.

Како што потврдија од МВР, незгодата се случила во 21:15 минути, а возачот и совозачот не се повредени. Поминале само со гребнатинки, но причинета е материјална штета на возилото.

Според портпаролот Ивица Илиевски, по укажаната медицинска помош возачот и совозачот биле пуштени на домашно лекување.

Поради дивата свиња, сообраќајот доцна синоќа одредено време бил во прекин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет лица приведени за дрога, помеѓу нив и полицаец

Редакција

Акција на МВР откри „руски рулет“ во јавниот превоз

Редакција

Кривични пријави за 16 жители на Дебар, правеле забава во викендица покрај езерото

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница