еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Неспроведувањето на Мијалков е техничка грешка на Кривичен, тврдат од затворот во Струга

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, тврди дека обвинетиот Сашо Мијалков вчера не бил спроведен во Основниот Кривичен суд Скопје, на рочиштето за „Титаник 2“, поради техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кривичен ја објави повратницата од доставата за спровод на Мијалков од затворот во Струга

– Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година.

По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, вели директорот Куља за МИА.

Кривичниот суд во 2019 го осуди поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пак пропусти за Мијалков, може да се спаси и од судењето за „Титаник 2„

„Уште фали Мијалков да го вратат директор у УБК“: Твитер реакции за укинувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинацијата во Македонија ќе почне месецов со 200.000 кинески вакцини, најави Филипче

Редакција

Хелсиншкиот комитет: Притворот не е неопходна мерка за Моника Ристовска

Редакција

МНР потврди дека Бучковски следната недела ќе патува во Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница