еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи: Викендов посвежо и променливо облачно, со локални врнежи

Времето попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степени.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град, а повеќе услови ќе има во источните делови.

Во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има врнежи од снег.

Утре ќе дува силен југозападен ветер, а попладне на места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

50 делегати на партискиот конгрес се потпишале за Мицкоски повторно да се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

„Декра арбеит“ го доби тендерот на „Дрисла“ за привремени вработувања вреден 140.000 евра

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во 23 основни училишта во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница