еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нето-надворешниот долг на земјава на крајот на септември на ниво од 28% од проектираниот БДП

Нето-надворешниот долг на земјава на 30 септември 2022 година изнесувал 3.905 милиони евра или 28 проценти од проектираниот бруто домашен производ (БДП), соопшти денеска Народната банка (НБ).

Во најново статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на НБ, се посочува дека нето надворешниот долг на земјата во третиот квартал од 2022 година е намален за 51 милион евра или за 1,3 проценти.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 61 отсто.

Во текот на третиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 79 милиони евра и изнесува 7.851 милион евра, што претставува 56,3 отсто од проектираниот БДП за 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Македонија заробена во ад-хок договори: Охридски, Пржински, Преспански…

Редакција

Владата барала список со споменици и улици од Хеленската историја и објекти со Сонцето од Вергина

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница