еМагазин
Image default
Бизнис

Нето платата во април 24.785 денари

Според денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето плата по вработен во април изнесувала 24.785 денари и таа е за 3,5 проценти повисока во однос на истиот период лани, додека бруто платата изнесувала 36.796 денари и кај неа има зголемување од 4,8 проценти.

Зголемувањето се должи на покачувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита, Транспорт и складирање и Административни и помошни услужни дејности.

Во однос на март годинава, зголемување на платата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Транспорт и складирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП почнува со достава на „претпополнети“ даночни пријави

Редакција

Во акција на МВР, УЈП и пазарен Инспекторат затворени неколку ноќни клубови во Скопје заради пропуштање лица без сертификат, неиздавање фискални…

Редакција

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница