еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Невреме во Грција: Спасен државјанин на Македонија на Халкидики, се трага по уште две лица

Државјанин на Македонија е спасен, а по две лица се трага во Посиди на првиот крак на Халкидики, откако тројцата влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, јави дописничката на МИА од Атина.

Не постои официјална потврда дали и исчезнатите две лица се македонски државјани.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина потврдуваат дека спасениот е од Македонија, станува збор за 25-годишно момче и е во добра здравствена состојба, додека пак спасувачката акција што е во тек за пронаоѓање на двајцата исчезнати, чиј идентитет и националност не се познати, е во услови со силен ветер од пет до шест бофор.

Во спасувачка акција на плажата Мити во Посиди според локалните медиуми учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство.

МИА/Фото: Alphafm

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како се движеше цената на акцијата на Алкалоид изминативе девет месеци

Редакција

Гест за почит на општина Кавадарци: Обезбедена помош за девојче кое остана без двајцата родители

Редакција

Времето денеска сончево со слаб ветер, претпладне магла

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница