еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Невремето на Халкидики дошло од Преспа

Невремето кое на Халкидики во Грција однесе најмалку седум жртви, дошло од регионот на Преспа каде исто така силно невреме истиот ден предизвика голема материјална штета, пишуваат грчките медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Универзитетскиот професор по метеорологија и климатологија, Теодорос Каракостас, за грчката новинска агенција АНА-МПА, вели дека тоа што се случи на Халкидики е резултат на редок метеролошки феномен, посочувајќи дека невремето дошло од регионот на Преспа.

“Оттаму почна нарушувањето во повисоките атмосферски слоеви. Многу студената воздушна маса се движела од север кон југ и се спуштила во Иматија и Пела. Во одредена фаза дошла до Солунскиот Залив, каде што морето е топло и има големо испарување и збогатување на воздушната маса.

Така, студената воздушна маса од Преспа ја потиснала топлата воздушна маса, наведувајќи ја да се крене. Невремето потоа дополнително се засилило и движејќи се со голема брзина довело до несаканите последици“ објаснува за АНА-МПА, професорот на универзитетот „Аристотел“ во Солун.

Интересено е дека и сведоци на невремето и на Халкидики и во преспанско-охридскиот регион изјавија дека се случило за двасетина минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) По невремето во Преспа: Автокапот Крани како погоден од ураган

Вознемирувачки видеа од моментот на невремето на Халкидики

Овошните насади во Преспа се 100 проценти уништени

(Видео+фото) Најмалку шест жртви, меѓу кои и две деца во невреме на Халкидики

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се бараат администраторите на групата на Телеграм: Родителите чии девојчиња биле злоупотребени да пријават

Редакција

Камчев: Моите компании работат законски, отворени сме за соработка со СЈО

Редакција

Нов раст: 218 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница