еМагазин
Image default
Македонија

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на толкувањето на Законот за амнестија од Обвинителство

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија реагираше на толкувањето на Законот за амнестија од Обвинителство.

„Во врска со настаните од 27 април, за кои во моментов се води судски процес, а кој беше дел од процесот за помирување преточен во Закон за амнестија.

Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес.

Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото. Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес“, се вели во соопштението на оваа пратеничка група.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 86 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Одоложено судењето за „Топлик“ на СЈО

Редакција

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа, се прават напори да се вратат преку Египет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница