еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Независно од владите, договорите мора да се почитуваат, порачуваат од Грција

Договорите мора да се почитуваат, без разлика на Владите, а ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по средбата во Атина со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, јави дописничката на МИА од Атина. 

-Истакнав дека ние го поддржуваме пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија и ќе продолжиме со нашите напори за што поскоро свикување на првата меѓувладина конференција.

Секако, во однос на Северна Македонија, го додадов она што го истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, pacta sunt servanda. Договорите мора да се почитуваат без разлика на Владите. А ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, рече Дендиас.

Говорејќи за регионот, шефот на грчката дипломатија истакна дека го повторил „цврстото противење на Грција за центрифугалните сили кои можеби ќе сакаат да ја прекројат картата на нашиот регион“.

-Тука морам да бидам искрен, директно го покренав влијанието на надворешните фактори кои со мантии како развојна помош и наводно историски, културни, религиозни традиции промовираат радикални идеологии и дестабилизирачка агенда на Балканот.

Интеграција на Западен Балкан во европското семејство. Според нас овој е единствениот пат пред нив, рече министерот за надворешни работи на Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Баклава објави спот за песната „Нерези“

Редакција

Нови 190 случаи на Ковид-19 од 1.530 тестирања

Редакција

Грчки навивачи дивеаа во центарот на Скопје: Краделе по продавници, физички напаѓале минувачи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница