еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад на индустриското производство во јули

Индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани е помало за 1,8 проценти. Во периодот јануари − јули 2023, пак, во споредба со истиот период минатата година, бележи раст од еден отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 13,5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1,2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 8,8 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси и Производство на електрична опрема.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6,1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,8 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вабтек МЗТ со загуба во првите три месеци

Редакција

(Видео) Ѓоковиќ победи на Ролан Гарос и стана најдобар тенисер на сите времиња

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието ако власта не повлече 12 закони со европско знаменце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница