еМагазин
Image default
Балкан

Никој од Хрватска не сака да работи на Хвар: Се пријавила лекарка од Македонија

Жителите на општината Суќурај, во источниот дел на хрватскиот остров Хвар долго време се без лекар, а решение за нивниот проблем изгледа ќе стане лекарка од Македонија, извести хрватскиот јавен радиодифузен сервис ХТВ, пренесува Мета.

И половина година откако е распишан огласот за нов лекар во амбулантата во Суќурај, од Хрватска не се јавил никој, а единствена заинтересирана била лекарка од Македонија. На огласот покрај бесплатно сместување и редовната плата се нуди и бонус од општината во износ од 50.000 куни годишно (6.740 евра).

– До ден-денеска никој не дојде, но имаме најава дека би можела да дојде лекарка од Македонија, кога ќе се средат документите. Никој од Хрватска не сака во Суќурај – вели градоначалникот на општина Суќурај, Иван Славиќ.

Во амбулантата во селото Суќурај има само медицинска сестра во амбулантата. Два-три пати во неделата доаѓаат лекар од Јелса, гратче кое е оддалечено 53 километри, а таму е и најблиската екипа на Итна медицинска помош, на која поради лошите патишта и треба повеќе од еден час за да стигне.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Словенија во иднина ќе се вакцинира само со вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“

Редакција

Бугарија денеска на избори, Мицкоски „навива“ за Борисов

Редакција

Ципрас: Горд сум за Договорот од Преспа, иако имаше влијание и политичка цена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница