еМагазин
Image default
Македонија

Нимиц: Раководството и политичарите во Скопје се пред крупни одлуки

Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц.

Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ Антена во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на оние кои излегоа и гласаа „за“, бидејќи оние кои се против и не гласаа не нудат друга алтернатива.

Преспанскиот договор, според Метју Нимиц, е најдобро можно решение и го отвора патот за стабилна иднина на целиот Балкан.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата од понеделник ќе ги разгледува предложените уставни измени, Ковачевски ќе го покани Мицкоски на средба

Редакција

Кои се новите македонски амбасадори во Доха, Стразбур, Копенхаген…

Редакција

Нови 175 случаи на Ковид-19 од 1.733 тестирања, во Скопје 90

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница