еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ниту сум дозволил, ниту сум забранил отворање приватен македонски клуб, вели градоначалникот на Благоевград

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов за бугарскиот весник „24 часа“ изјави дека ниту издал дозвола, ниту забранил отворање на приватен македонски културен клуб. Тврди дека ако некој шпекулирал за неговото име и за градоначалничката институција, тоа било лага.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, овој настан, според Стојанов, немал никаква врска со општината и нема врска со него.

– Група луѓе изнајмиле соба од приватно лице и решиле да направат клуб. Општина Благоевград нема да го официјализира овој приватен настан, коментира Стојанов и додава дека добил покана за нејзино отворање, но нема да оди.

Повод за коментарот на градоначалникот на Благоевград е информацијата објавена од нерегистрираната ОМО „Илинден“ – Пирин дека отворањето на македонскиот клуб официјално го дозволил градоначалникот на градот, забележува „24 часа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот клуб во Благоевград сепак ќе се отвори, градоначалникот дал дозвола

(Фото) Вандализирана бистата на Вапцаров во Скопје пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија, кој го носи неговото име

Ковачевски нема да оди на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медал од Ердоган за македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресoт во Турција

Редакција

Починаа 10 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.047

Редакција

Порталот ИРЛ осуден за клевета по тужба на бизнисменот Анѓушев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница