еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитите за правни лица

Почнувајќи од 08.04.2019 година, НЛБ Банка воведе нови кредитни продукти за правни лица со намалени каматни стапки и поповолни услови. Каматните стапки на новоодобрените кредити се намалени во просек до 1,5 процентни поени.

Новите кредитни продукти се наменети за мали, средни и големи претпријатија. Намената на овие кредитни продукти е за инвестиции во основен капитал, за обртен капитал и трајни обртни средства.

Исто така, Банката воведе нови кредитни продукти за нето извозниците, кои се акцелератор на економскиот развој во секоја земја.

Новите кредитни продукти заедно со постојниот пакет за нето извозници формираат една од најцелосните понуди на услуги за овој пазарен сегмент. Дополнително на понудата, Банката започнува и со пласирање на средства од кредитната линија од МБПР ЕИБ V, со која се дополнува понудата со кредити со фиксна каматна стапка до 12 години.

„Во периодот кој следува, во фокусот на работењето на Банката ќе биде поддршката на приватниот сектор преку креирање на продукти со поволни, атрактивни и кориснички прилагодени услови.

Исто така, Банката ќе продолжи со финансирањето на големите проекти и инвестиции преку поддршка со tailor-made продукти прилагодени на специфичните потреби и услови на поединечните проекти.

Освен во делот на финансирањето, НЛБ Банка е партнер кој освен финансиски средства и современи услуги, нуди и советување на клиентите, контакти со можни соработници во земјата и регионот (преку мрежата на НЛБ Групацијата), економско-техничка оценка на проектите и правна поддршка“, велат од Банката.

Сите заинтересирани клиенти можат да ги контактираат советниците од Деловниот сектор за корпоративни клиенти или да се обратат на e-mail: [email protected]

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Квалитетот на јавните претпријатија зависи од квалитетот на луѓето кои ги управуваат

Редакција

Од 1. јуни полесно до работна виза во Германија, што е сменето во постапката?

Редакција

Српскиот Свислајон Таково ќе произведува кечап и мајонез во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница