еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка предвреме ќе ги исплати пензиите

Согласно моменталните случувања со пандемијата на корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 24 -ти април (петок).

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 24-ти до 26-ти април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 27– ми април, пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите во периодот од 27 – ми до 30 – ти април е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

• На 27.04.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари.

• На 28.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари.

• На 29.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари.

• На 30.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.

Со цел заштита на здравјето, од Банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препораките се подигнувањето на средствата да се врши на банкомат.

Банката апелира и понатаму да се почитуваат превентивните мерки, да се носи заштитна маска, чекањето ред да биде на обележаните места и да се држи растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските филмови ги препознаваат во светот: „Крајот на времето“ на Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Редакција

Џонсон Мети со најбројна спортска екипа на Wizz Air Скопски маратон 2021

Редакција

Заминува и последната група: Во Специјалниот завод „Демир Капија“ нема веќе деца до 18 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница