еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ банка со две промотивни кампањи и промена на каматните стапки на денарските депозити за физички лица

Во периодот од 15.09.2018 до 31.12.2018 година НЛБ Банка води промотивна кампања за станбени и хипотекарни кредити за физички лица.

Во рамки на кампањата, се воведува Промотивен станбен кредит со најниска каматна стапка од 3,3% фиксна за првите 3 години. Каматната стапка за следните три години е фиксна и изнесува 4%, а каматната стапка за остатокот од периодот е варијабилна и изнесува 5% + шестмесечен Еурибор. Промотивниот станбен кредит ќе се одобрува без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Исто така, во промотивниот период, сите хипотекарни и станбени кредити со животно осигурување (ризико полиса), ќе се одобруваат без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка. Останатите кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци.

Покрај оваа промотивна кампања, во периодот од 15.09.2018 до 31.10.2018 година, Банката води промотивна кампања за НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица. Во рамки на кампањата за сите новоиздадени картички во промотивниот период следува бесплатна членарина за првата година на користење. За направени најмалку 10 ПОС трансакции со картичката во периодот од 15.09.2018 до 30.11.2018 година следува уште една година гратис.

Воедно, како резултат на намалување на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка изврши намалување на каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД од 0,1 до 0,3 процентни поени. Новите каматни стапки се со важност од 15.09.2018 година и се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити, важечката каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овој месец со безброј придобивки при онлајн пазарување со myWorld

Редакција

Подгответе се за Garage Sale во Рамстор Мол

Редакција

Саемот на книга го посетиле 20.000 посетители кои ги почитувале сите протоколи за превенција од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница