еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Галерија ги отвора вратите за младите фотографи од Creative Hub

Утревечер (вторник 26.11) со почеток од 19 часот ќе се одржи изложба на црно бели фотографии во НЛБ Галерија на студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг на Creative Hub.

Ова е прва соработка на центарот за неформално образование кој оваа година се најде на листата на Форбес, Creative Hub и НЛБ Банка кој го подржува настанот и го отстапи просторот во НЛБ Галеријата за идејата да се реализира.

“За нашите студенти навистина претставува престиж да ги изложат своите фотографии во НЛБ Галерија. Благодарни сме на НЛБ Банка што ја препозна и ја подржа нашата креативна идеја и им даде шанса на младите да ги претстават своите фотографии”, изјави Бојан Коскаров од Creative Hub.

На изложбата кој ќе се одржи во просторот НЛБ Галерија, на НЛБ Банка, свои фотографии ќе претстават Сара Цветковска, Драган Николовски, Александра Јаневска, Александра Арсовска, Иван Костевски, Марија Попова, Матеј Мојсовски, Софија Друмчекова, Кристијан Малиновски и Ивана Дракулевска.

Настанот е отворен за јавноста и сите љубители на фотографија се поканети да присуствуваат.

Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да ја проследат изложбата единствено утре, на 26 ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убав гест од Могерини: Благодарница и фотографија за спомен за занаетчијата што и подари филигран

Редакција

Рамсторе со специјална понуда: Прехранбени пакети по достапна цена

Редакција

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница