еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање.

Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Група од 24 светски научници бараат нова истрага за потеклото на коронавирусот

Редакција

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп

Редакција

МВР склучи договор со “Симболико“ вреден 575,6 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница