Досегашниот генерален директор на Сава осигурување а.д. Скопје, Сашо Дракуловски заминува од оваа функција и на негово место е именуван Ило Ристовски, информираат од компанијата.
„Ристовски заедно со извршниот директор Мелита Гугуловска се извршни членови на Одборот на директори на друштвото и ќе продолжат да управуваат со работните процеси во друштвото.
Сава осигурување и во иднина останува посветен и одговорен партнер кон своите клиенти и се радуваме на понатамошното продолжување и продлабочување на соработката, која ќе ни донесе многу нови успешни приказни“, велат од компанијата.