еМагазин
Image default
Македонија

Нов раст: 30% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство.

“Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 279.909 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани.

Со последните бројки околу 30% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешен помошник-министер без тендер договорил сервис на службени возила на МВР, заработи кривична

Редакција

Во Битола приведени шест лица поради неовластено организирање игри на среќа

Редакција

Прв холандски премиер во посета на Македонија: Марк Руте денеска во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница