еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нов топол бран до крајот на неделава: Oд среда над 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

– Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.

Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен, соопшти Управата за хидро метеоролошки работи.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во северозападните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени, а УВ-индексот со вредност 8.

Во Скопје денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност  и слаб до умерен ветер од северозападен правец и температура до 37 степени.

Фото: Photo by Anna Demianenko on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува од средината на октомври, годинава набавена за 50 проценти поголема количина

Редакција

ЕДС го доби тендерот на „Комуналец-Гевгелија“ за набавка на струја вреден 172.000 евра

Редакција

(ВИДЕО) Само во Македонија: Протест во скопски Ченто сред полициски час

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница