еМагазин
Image default
Македонија

Нов земјотрес почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML4.2 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван вечерва во 18 часот и 31 минута во Делчево, Берово и Пехчево.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот е регистриран на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.

Ова е втор земјотрес денеска што потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Првиот беше регистриран изутрината во 6:36 часот и беше со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, Биљановска пуштена на домашно лекување

Редакција

(Фото) Грчки хакери ја хакираа интернет-страницата на Министерство за образование и наука

Редакција

Македонците постепено ќе ја научат вистината дека се Бугари, инаку нема ЕУ, вели бугарскиот ексамбасадор во Македонија, Јорданов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница