еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нова афера – “Пандора документи“: Светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании

Повеќе од десетина шефови на држави и влади, милијардери, но и светски музички ѕвезди, криеле милиони средстав на тајни офшор сметки во даночните раеви, се наведува во истрагата објавена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

Истрагата за таканаречените „Пандора документи“, во која учествувале околу 600 новинари од десетици светски медиуми, вклучувајќи ги „Вашингтон пост“ и „Гардијан“, се темели на протекување на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги ширум светот.

Милионите документи доставени до новинарите откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните раеви.

Меѓу големите риби чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата, чешкиот премиер Андрехј Бабиш, украинскиот претседател Володомир Зеленски, мароканската принцеза Лалја Хасан

Банкарските сметки на офшор локациите често пати се користеле за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на даночните обврски.

Истражувањето на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми низ целиот свет покажа дека 330 јавни службеници ширум светот се поврзани со офшор сметки.

Меѓу нив се министрите за финансии на Пакистан, Холандија и Бразил, како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција – вклучувајќи го и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс -Кан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

„Пандора документи“: Српскиот министер за финансии, Мали, купил 24 стана на Црно море во Бугарија

МИА/Илустрација: washingtonpost.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ лани реализирал 10.000 летови од и до Македонија, летале 2,2 милиони патници

Редакција

(Видео+фото) Меѓу нив и 5 службеници на МВР: Приведени 18 лица за криумчарење луксузни автомобили

Редакција

Еден од најдобрите слаткари во светот, Италијанецот Федерико Анцелоти доаѓа во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница