еМагазин
Image default
Балкан

Нова демократија: Ципрас да распише избори за граѓаните да го поништат Договорот од Преспа

За економијата, но и за Договорот од Преспа, од опозициската Нова демократија, упатуваат критики до Владата, во реакцијата за активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Меѓународниот саем во Солун.

Портпаролката на најголемата грчка опозициска партија и европратеничка, Мариа Спираки, го повика Ципрас да распише избори „за народот да го поништи договорот“.

– Во однос на скопското прашање, наместо да прашува што ќе прави Нова демократија ако го ратификуваат договорот тој самиот и неговите партнери што му стојат на располагање, нека го стори она што се подразбира. Избори сега за граѓаните да го поништат договорот со гласањето, вели Мариа Спираки.

Од Нова демократија, претходно, коментирајќи ја прес-конференцијата на Ципрас рекоа дека тој „имаше храброст одново да го поддржи договорот кој на Скопје му отстапува „македонска националност“ и „македонски јазик“, а кој го отфрлаат мнозинството Грци.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од кабинетот на Ципрас ги коментираа ставовите на Нова демократија, а во однос на прашањето за името и Договорот од Преспа, го повторуваат она што вчера го кажа грчкиот премиер на прес-конференцијата, дека Мицотакис „нема храброст да каже дека ќе го поништи Договорот од Преспа“ и едно кажува во внатрешноста на земјата, а друго надвор.

МИА/Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атлантик Група оствари раст на приходите проследен со двоцифрен раст на профитабилноста

Редакција

(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме

Редакција

(Видео) Масовни протести во Атина, Солун, Патра… на двегодишната од железничката несреќа кај Темпи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница