еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нова инвестиција на Брако за подобрување на производството во фабриката

Велешката фабрика Брако инвестира 250 илјади евра за целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ, информираат од компанијата.

Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време потребно за добивање на финален производ, на тој начин што ќе се скрати времето на изведување на работите, ќе се намалат трошоците за транспорт на материјали низ фабриката, ќе се зголеми ефикасноста и Брако ќе добие поголема конкурентност во времето на изработка и испорака на крајниот производ до купувачот.

Комплексот „Нова фарбара“ ќе обединува седум инфраструктурни единици кои досега беа распоредени на различни локации низ фабриката и во кои 80 високо квалификувани и обучени лица ќе работат на рачно и автоматско фарбање, информира Никола Неделковски, менаџер за површинска заштита кој е одговорен за овој дел од производството.

Брако и „Феро Инвест“ и во услови на криза ја зголемуваат својата предност на пазарите, преку редовно инвестирање во производниот процес со кое се оптимизира работењето и се максимизираат можностите за производство, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Микробиологот Пановски со објаснување за тоа што е заболен, а што заразен со Ковид-19: Зошто со само еден брис од носот и се пишува заболен

Редакција

Нови 104 случаи на Ковид-19 од 918 тестирања

Редакција

Деспина Ванди дополнително ги вжешти односите меѓу Грција и Турција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница