Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2020 и неплатени до 31.01.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и други давачки, а за кои вкупниот износ на долгот повисок од 120.000 денари за физичките лица и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листата објавени се 1.880 должници – правни лица и 2.818 физички лица.
Вкупно објавениот нето долг во листата бр.02/2021 изнесува 10,2 милијарди денари или околу 167 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на новата листа должници на УЈП
Топ пет должници на УЈП: ТЕ-ТО со долг од 11,2 милиони евра убедливо на врвот