еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нова пратка на возила од БРАКО испорачана за Обединетото Кралство

Шест возила за одржување на хигиена во урбани услови, кои се произведуваат во капацитетите на БРАКО во Велес, се упатија во посебна пратка кон Обединетото Кралство, информираат од компанијата.

Овој мини контингент се состои од по две возила тип GM400ze и GM636, но особено се издвојуваат две возила тип GM424.

GM 424 се лесни за одржување на хигиена во урбани услови, и особено се флексибилни за манипулирање низ малите градски улички, кои ги има секоја метропола, особено во нејзиното централно подрачје.

Овие возила имаат и дополнителна приколка, со кабина за лицето кое ги управува, со што возилото може непречено да се користи и во услови на дожд и постудено време, кое е и карактеристично за дел од градовите во Обединетото Кралство.

Британските клиенти се задоволни од квалитетот, ефикасноста и ефективноста на возилата на БРАКО и продолжуваат да доставуваат нарачки, а вработените во БРАКО вложуваат максимални напори и професионализам за возилата да се произведат и испорачаат навреме, а понекогаш и пред предвидениот рок, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со прострелна рана од огнено оружје во кругот на велешката болница најден мртов маж

Редакција

Детален преглед: Кои 107 компании добија субвенции од Министерството за економија?

Редакција

Поранешна ученичка со нож повреди ученик и професорка: Нов напад во белградско училиште

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница