еМагазин
Техно

Новата бесплатна апликација „Ај на кафе“

Колку често ви се случува да седнете во кафуле или lounge бар и да ви ја заборават нарачката, да ви донесат само едно мени, предолго да чекате да бидете услужени или уште подолго да добиете сметка?!

За среќа иднината е тука со новата македонска мобилна апликација „Ај на кафе“ која ќе внесе нов иновативен начин на работење по локалите.

Многу наскоро се ќе биде многу едноставно!

Преку оваа апликација во вашето омилено кафуле ќе можете електронски да го погледнете менито, да повикате келнер, да направите нарачка, дури да ја проверите и вашата сметка.

Се разбира се ова ќе биде достапно во локалите каде ќе биде имплементиран новиот модерен начин на функционирање со кој ќе им се олесни работата и на вработените, не само на клиентите.

Тие повеќе нема да имаат потреба да ги паметат сите нарачки и секоја маса да ја внесуваат во компјутер, бидејќи и вработените преку нивниот мобилен уред ќе може да направат нарачка.

Самата апликација има и поддршка на повеќе јазици и е тотално бесплатна, а за повеќе инфо посетете ја веб страната www.ajnakafe.mk.

Бидете во чекор со новитетите и уживајте во времето поминато со вашите сакани!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сега сите можеме да сме врвни гејмери, дури и на мобилен!

Редакција

Македонија на дланка на туристите: Изработена нова апликација „Visit Macedonia”

Редакција

Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: Првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница