Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 3, Куманово – 8, Прилеп – 2, Струга – 2, Велес -2, Гостивар- 1 и Виница -1, информира Министерството за здравство.
Со ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во Македонија изнесува 1.386, а најголем дел се во Скопје (471) и во Куманово (371).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчест висока температура: 479 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми
Излекувани 38: 226 здравствени работници во Македонија заболени од коронавирусот
Погребот за починати од корона вирусот многу поскап од вообичаено