еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 222 случаи со Ковид-19, осум починати и 268 оздравени пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 954 тестови, а регистрирани се 222 нови случаи со Ковид-19, двајца починати од Скопје (79г) и Кичево (83г) и 268 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се шест починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 до 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11.08. до 28.08.2022 година.

Од 222 новозаболени од Скопје се 113, Куманово и Кавадарци – по 14, Битола – 13, Прилеп – 12, Велес – 7, Охрид и Штип – по 6, Струмица, Кочани и Кратово – по 4, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Ресен и Свети Николе – по 2, Струга, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирана е 41 реинфекција.

Регистрирани сe 268 оздравени пациенти од: Скопје – 113, Битола – 32, Гевгелија – 19, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Прилеп – 14, Берово – 7, Велес, Штип и Кочани – по 6, Охрид и Делчево – по 4, Струмица, Ресен и Демир Хисар – по 3, Тетово, Кичево, Радовиш, Крива Паланка , Богданци и Пехчево – по 2, Струга, Кратово и Дојран – по 1.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а на активни случаи изнесува 1.660.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија треба да го преиспита пристапот кон Македонија на конструктивен начин, вели Петков

Редакција

Потврден 41 нов случај: Вкупната бројка заразени од корона вирусот 1.367 лица

Редакција

Заев ќе побара од Џафери да објасни зошто во Европскиот парламент зборувал на албански јазик, но нема да има одговорност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница