еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 44 случаи на Ковид-19, оздравени 47, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи со Ковид-19 и 47 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати, соопшти Министерството за здравство.

Од 44 новозаболени од Скопје се 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 13 реинфекции.

Од 47 оздравени пациенти од Скопје се 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонски автобус за малку избегна трагедија да не пропадне во надојдената Западна Морава

Редакција

21-годишен прилепчанец загина во сообраќајка на излез од Прилеп

Редакција

Четворица новозаразени, еден оздравен и еден починат од Ковид-19 во Кичево

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница